среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пијан Русин влетал во градинка и убил шестгодишно дете додека спиело (ВИДЕО)

Пијан Русин влетал во градинка и убил шестгодишно дете додека спиело (ВИДЕО)

Пијан маж убил со нож шестгодишно дете во градинка во северниот руски град Нарјан – Мар.

Рускиот истражен комитет соопшти дека напаѓачот бил уапсен.

Во соопштението се наведува дека напаѓачот го убил момчето со нож додека спиел во градинката во Нарјан-Мар.

Напаѓачот бил идентификуван како 36-годишен локален жител кој бил пијан, пренесува Тас.

Против него е покрената кривична постапка за убиство на малолетник во главниот град на автономниот регион Ненец.

Вработените во градинката и приватните служби за безбедност се обвинети за занемарување и не обезбедување услуги што гарантираат безбедност на животот и здравјето на децата.