четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Петстотини вработени на аеродромите во САД имаат коронавирус

Петстотини вработени на аеродромите во САД имаат коронавирус

Најмалку 500 вработени во администрацијата за безбедност на транспортот (ТСА) се позитивни на „Ковид-19“, објави денес ТСА.

Повеќето од заразените, од нив 435, биле потврдени од страна на службени лица кои прегледувале патници и ракувале со багаж. Останатите заразени се вработени во ТСА кои не комуницираат со патниците, пренесува Си-Ен-Ен.

Четириесет отсто од заразените работници се од аеродромот во Њујорк

Скоро 40 проценти од заразените (193 случаи) се вработени на три аеродроми лоцирани на подрачјето на Њујорк, што стана ново светстко жариште на пандемијата.

Најмалку 4.359 американски војници се позитивни за Ковид-19, а 98 се хоспитализирани. Министерството за одбрана има вкупно 6.754 заразени лица.

Коронавирус