недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 93
home Вести

Петмина загинати при бомбардирање на Сана

Петмина загинати при бомбардирање на Сана

Најмалку пет луѓе загинаа, а уште пет се повредени во бомбардирање на северниот дел на главниот град на Јемен, Сана од страна на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Според очевидците, во првиот напад е погоден контролен пункт лоциран во северно предградие на Сана, а во вториот е погодена станбена зграда во близина.

Граѓанската војна во Јемен се интензивира во март 2015 година, по интервенцијата на арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, во знак на поддршка на претседателот Рабу Мансур Хади.

Според Обединети нации поради војната на повеќе од 22 милиони луѓе во Јемен потребна им е хуманитарна помош.

Коронавирус