среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 36
home Вести

Петиција против Гејтс поради злосторства против човештвото и злоупотреба на медицината

Петиција против Гејтс поради злосторства против човештвото и злоупотреба на медицината

Во САД покрената е петиција за почнување на истрага против Фондацијата на основачот на Мајкрософот Бил Гејтс, поради „злосторства против човештвото и злоупотреба не медицината“.

Како што јавува Спутник, петицијата која е објавена на сајтот на Белата куќа „Ние луѓето“, досега се потпишале 425.000 луѓе, што е четири пати повеќе од бројот на неопходниот за официјален одговор од Белата Куќа.

На федералната американска влада и се апелира да побара од Конгресот да спроведе сеопфатна и јавна истрага.

-Додека ги следиме случувањата околу пандемијата од Ковид-19 многу прашања остануваат без одговор. На ден 18 октомври 2019 година, само неколку недели пред прогласување на првата жртва во Вухан, Кина, одржани се два големи настани. Едниот е „Настан 201“, а другиот е „Светска воена игра“, и двата се одржани во Вухан, се вели во петицијата.

Таму се вели дека од тогаш почнува притисокот ширум светот да се направи вакцина и да се воведе биометриско следење на луѓето.

Потписниците тврдат дека зад ова стои Бил Гејтс. Петицијата започна на 10 април, а за само неколку дена се потпишале 100.000 луѓе, што значи дека Белата куќа би требала да се позанимава со прашањето во рок од 60 дена.

Коронавирус