среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 113
home Вести

Песков: Здравјето на луѓето е приоритет, но економијата не смее да се задуши

Песков: Здравјето на луѓето е приоритет, но економијата не смее да се задуши

Руското државно раководство следната недела ќе донесе нови одлуки за натамошните мерки во борбата против ширењето на коронавирусот во земјата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Веројатно во текот на неделата ќе треба да се донесат повеќе одлуки за натамошните мерки, рече Песков во интервју за емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, пренесе Тасс.

Според него, Русија ќе мора да воведе „многу комплицирана комбинација“.

-Иако здравјето на граѓаните е приоритет, но, исто така, имаме потреба и економијата да не се затвора, заради околностите со кои сите се соочуваме во тешката криза, рече портпаролот на Кремљ.

Локални избори 2021