четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 36
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Песков: Размената на обвинувачка реторика меѓу САД и Кина е невкусна

Песков: Размената на обвинувачка реторика меѓу САД и Кина е невкусна

Русија денеска ги повика Соединетите Американски Држави и Кина да соработуваат затоа што нивната размена на обвиненија, како што соопшти Кремљ, е „невкусна“ во период на пандемија на коронавирус.

– Во рамки на заедничките напори за борба против пандемијата на коронавирус, тоа изгледа невкусно, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашање во врска со односите меѓу Вашингтон и Пекинг, јави ТАСС.

– Секако, ние повеќе сакаме да видиме интеракција, соработка и меѓусебна помош наместо овие размени, рече Песков.

Тој потсети дека Москва развива блиски и партнерски односи со Пекинг и дека и понатаму ќе го прави тоа.

– Ние соработуваме и си помагаме едни на други во борбата против коронавирусот, во развојот на вакцина. Разменуваме информации. Исто така, имаме контакти со Американците, додаде Песков.

Парламентарни избори 2020