понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

Перверзна учителка заврши зад решетки: Уапсена за инцест, ученик ја препознал на порно сајт

Перверзна учителка заврши зад решетки: Уапсена за инцест, ученик ја препознал на порно сајт

Четириесет и деветгодишната Дон Џанини, учителка во четврто одделение во Пало Алто, Калифорнија и сопруга на висок припадник на американската војска, е уапсена за инцест и останати 20-тина други прекршоци, откако ученик од нејзиното училиште ја препознал.

Ученикот ја забележал професорката од неговото училиште додека гледал видеа на сајтот за возрасни „Порнхаб“. На видеото ја препознал и неговата соученичка, инаку член на семејството на професорката Џанини, по што веднаш пријавил кај директорот на училиштето.

Тоа не било единственото видео каде што Џанини има сексуални односи со малолетното девојче (14), за кое не се открива во каква семејна врска се, затоа што Џанини е мајка на две малолетни деца.

По кренатата истрага, Џанини е уапсена и во моментот е во притвор, каде ќе остане до крајот на истрагата. Одредена е кауција од 1,75 милиони долари.

Професорката имала сексуални односи со девојчето од ноември 2014-та година, до следниот ноември. Обвинителството смета дека токму девојчето ги објавувало снимките.

Коронавирус