петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ПЕРУ: Уапсена група која наплатувала болнички кревет за време на Ковид-19 пандемија

ПЕРУ: Уапсена група која наплатувала болнички кревет за време на Ковид-19 пандемија

Перуанската полиција соопштила дека ја уапсила криминалната група која на пациенти позитивни на коронавирус во државната болница им наплатувала кревет 21.000 долари.

Уапсени се девет лица меѓу кои и администрацијата на болницата „Гиљермо Алемнара Иригојен“ во Лима.

Измамата е откриена откако брат на еден пациент поднел жалба до полицијата поради наплата на кревет и интензивна нега во висина од 20.783 долари.

Скандали за корупција за време на пандемијата се случувале и претходно кога некои највисоки функционери добивале „ВИП“ вакцинација.

Коронавирус