петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Пентагон: САД спроведе успешно тестирање на компоненти од програмата за хиперсонично оружје

Пентагон: САД спроведе успешно тестирање на компоненти од програмата за хиперсонично оружје

Американската морнарица и армијата спроведоа три тестирања на прототип на компоненти од нивната програма за хиперсонично оружје, соопшти Пентагон, оквалификувајќи ги тестовите како успешни.

Тестовите „демонстрираа напредни хиперсонични технологии, способности и прототипови на системи во реалистична работна средина“, соопшти американското Министерство за одбрана.

Тестовите беа извршени истиот ден кога американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост за кинеското хиперсонично оружје. Хиперсоничното оружје лета во горната атмосфера со повеќе од петпати поголема брзина од звукот.

Коронавирус