петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пентагон потпиша договор со Глаксо за вакцини против Ковид-19

Пентагон потпиша договор со Глаксо за вакцини против Ковид-19

Пентагон соопшти дека потпишал договор од 342 милиони американски долари со британскиот фармацевтски гигант „Глаксо Смит Клајн“ (ГСК) – GlaxoSmithKline (GSK) за снабдување „масовни количини вакцини против Ковид-19 за американската војска“.

Во соопштението се наведува дека ГСК е единствената компанија што доставила понуда според договорот, што би се состоело од доставување на вакцината до „персоналот во воени објекти во САД и пошироко“.

Работата ќе биде извршена во Северна Каролина „со проценет датум на завршување на 28 февруари 2021 година“, се вели во соопштението на Пентагон.

Американската армија ќе го контролира спроведувањето на проектот.

Коронавирус