сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пентагон може да испрати уште неколку илјадници војници на границата со Мексико

Пентагон може да испрати уште неколку илјадници војници на границата со Мексико

Пентагон може да испрати уште неколку илјади војници на границата со Мексико, кон која се движат мигранти од Централна Америка, кои бегаат од насилството и бедата во земјите, соопшти денеска висок американски претставник.

Според неименуваниот извор, на југозападната американска граница може да бидат испратени 5.000 војници – многу повеќе од 800-те, кои беа најавени минатата недела.

Високиот претставник, меѓутоа, прецизира дека во моментов се врши подготовка и во оваа фаза не е донесена одлука за бројноста на идниот контингент.

МИА

Коронавирус