четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 143
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Пекол на Земјата: Во „Долината на смртта“ измерена највисоката темпертура досега

Пекол на Земјата: Во „Долината на смртта“ измерена највисоката темпертура досега

Во Долината на смртта во 1914-та година биле забележани 56,6 степени, но современите експерти веруваат дека дошло до грешка, како што било случај со уште неколку мерења тоа лето.

Во калифорниската Долина на смртта се измерени рекордни 54,4 степени Целзиусови, што веројатно највисока температура од 1913-та година откако се вршат мерења со топломер со жива, објавил “BBC”.

Таа рекордно висока температура е измерена во неделата во Долината на смртта во Калифорнија, каде се измерени највисоките температури на планетата. Претходниот рекорд од 54 степени на Земјата бил измерен во 2013-та година, исто така во Долината на смртта.

Во Долината на смртта во 1914-та година биле забележани 56,6 степени, но современите експерти веруваат дека дошло до грешка, како што било случај со уште неколку мерења тоа лето.

Американските Центри за контрола и превенција на болести наведуваат дека топлотните бранови во просек убиле повеќе луѓе отколку останатите екстремни временски услови.

Коронавирус