сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 41
home Вести

Педофил пропатувал од едениот до други брег на САД за да грабне малолетно девојче

Педофил пропатувал од едениот до други брег на САД за да грабне малолетно девојче

Нејтан Даниел Ларсон, од американската сојузна држава Вирџинија е обвинет за киднапирање на 12-годишно девојче, јави Си-Ен-Ен, додавајќи дека 40-годишниот педофил во моментов се наоѓа во затвор во Денвер

Шерифот од округот Фресно изјави дека осомничениот управувал со сајт што поттикнува силување деца и објавување на фотографии и снимки со таква содржина.

Ларсон уште во октомври преку социјалните мрежи се запознал со 12-годишното девојче, кое живее во Фресно, и во текот на следните два месеца преку манипулации ја убедил да му испрати свои разголени фотографии.

Минатата недела тој долетал во Фресно и ја убедил девојката да се прикраде од нејзиниот дом во 2 часот по полноќ, а потоа повикал такси за да стигне до аеродромот.

Ларсон на девојчето му ставил перика и му кажал да се однесува како да е глувонема, за да не зборува со никого.

Полицијата истиот ден објавила дека девојчето е исчезнато, а кога детективите дознале дека киднаперот и девојчето се качиле во авион за Вашингтон, со трансфер во Денвер, исконтактирале со тамошните власти и побарале да го проверат Ларсон.

Полицијата во Денвер го уапсила киднаперот, а агентите на ФБИ го спасиле девојчето, кое не било повредено.

Коронавирус