среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

Педофил киднапирал девојче во Калифорнија,ја убедил да се претвора дека е нема

Педофил од американската држава Вирџинија се соочува со обвиненија за киднапирање на 12-годишно девојче, пишува Си-Ен-Ен.
Педофил киднапирал девојче во Калифорнија,ја убедил да се претвора дека е нема

Властите го опишуваат 40-годишниот Нејтан Даниел Ларсон како „бел врховист“ и „застапник на педофилија“.

Ларсон моментално е во затвор во Денвер. Шерифот на округот Фресно изјавил дека Ларсон управува со веб-страница која охрабрува силување деца и објавување на таква фото-видео содржина.

Властите велат дека тој користел толку „софистицирани“ методи во конкретното киднапирање што се плашел дека може да има уште повеќе жртви.

Ларсон го запознал 12-годишното девојче, која живеела во Фресно преку социјалните мрежи во октомври. За време на два месеци манипулација, Ларсон ја убедил да му испрати свои голи слики.

Минатата недела тој полетал кон Фресно и ја убедил да излезе од куќата околу 2 часот по полноќ. Потоа повикал такси за да отидат до аеродромот. Ларсон го променил изгледот на девојчето со перика и и рекол да се преправа како нема за да не зборува со никого.

Полицијата подоцна тој ден објавила дека девојчето е исчезнато, а кога дознале дека киднаперот и девојчето се качиле во авион за Вашингтон со трансфер во Денвер, контактирале со тамошните власти за да ја проверат ситуацијата на тамошниот аеродром. Полициски службеник во Денвер го пронашол и уапсил Ларсон, а агентите на ФБИ го спасиле девојчето, кое не било повредено.

Канцеларијата на шерифот во округот Фресно бара негова екстрадиција во Калифорнија и ги повикува неговите други потенцијални жртви да се пријават.

– Поради софистицираната природа на начинот на кој Ларсон го киднапира девојчето од Фресно, детективите сметаат дека имало и други жртви во минатото, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Ова не е прв пат Ларсон да се соочи со сериозни обвиненија. Пред единаесет години, тој отслужил 14 месеци затвор затоа што испратил детална е-пошта до тајната служба на САД во која се заканувал дека ќе го убие претседателот на Соединетите држави. Ларсон ја испратил поштата во декември 2008 година кога Барак Обама станал избран претседател.

Тој исто така се зафатил со политика, па се кандидирал како независен кандидат на изборите во Домот на делегатите во Вирџинија 2017 година и изгубил.

Коронавирус