недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Педесетина лица се уапсени по насилствата во Франција

Педесетина лица се уапсени по насилствата во Франција

Државниот секретар за внатрешни работи во француската влада Лоран Нуњез соопшти дека по насилствата забележани последниве денови во петнаесетина предградија доведоа до педесетина апсења, јави дописникот на МИА.

-Во моментов има извесен број на феномени на урбано насилство, а не на урбан бунт, изјави Лоран Нуњез за радиото Еуроп 1.

Според него од насилството се погодени „петнаесетина предградија, но тие остануваа со низок интензитет, но сепак тие се сериозни“, на што се одговори со одлучност од властите.

Тој понатаму појасни дека на силите на редот не им било наредено да ги олеснат контролите во предградијата за почитување на мерките на ограничување, одбивајќи да ги поврзи мерките на ограничување со насилството.

Од почетокот на ограничувачките мерки на 17 март, силите на редот извршија 16 милиони контроли и притоа казниле 900 000 лица за непочитување на истите.

Коронавирус