сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Патник проголтал 246 пакетчиња кокаин, па починал во авион- добил страшни напади и му немало спас

Патник проголтал 246 пакетчиња кокаин, па починал во авион- добил страшни напади и му немало спас

Јапонец починал во авион кој летал од Мексико Сити кон јапонскиот аеродром „Нарита“ откако проголтал 246 пакетчиња кокаин.

Авионот итно слетал на аеродромот на мексиканската држава Сонори откако патникот почнал да добива напади. Властите соопштиле дека станува збор за Удо Н, кој починал од предозирање. Тој претходно своето патување го започнал од Богота во Колумбија.

Удо Н. пред полетувањето проголтал 246 пакетчиња кокаин кои биле долги 2,5 сантиметри и широки 1 сантиметар. За време на аутопсијата пакетчињата биле пронајдени во неговиот желудник и цревата.

Останатите 198 патници продолжиле со патувањето после итното слетување.

Коронавирус