сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Патници во авион вреснаа од паника: Врз нивните глави се појави една од најотровните шкорпии во светот (ВИДЕО)

Патници во авион вреснаа од паника: Врз нивните глави се појави една од најотровните шкорпии во светот (ВИДЕО)

Една снимка поставена на социјалните мрежи прикажува застрашувачки момент кога била воочена жива шкорпија над главите на патниците која се наоѓала во делот за багажот.

Оваа отровна азиска шкорпија од 30 центиметри е една од најагресивните во Индонезија. “Lion Air” ја напуштил Индонезија во вторникот навечер, а кога слетале, патниците биле шокирани од сцената која се одвивала пред нив – една жена го отворила делот за багажот, а отровното суштество излетало надвор, ширејќи паника помеѓу присутните.

-Кога авионот слета, една патничка ги земаше своите куфери од горниот дел кога одненадеж шкорпијата се појави над нашите седишта, тврди очевидецот Карим Таслин.

-Седев во 19-тиот ред со двајца други патници. Кога ја забележавме шкорпијата над нас, се разбегавме најбрзо што можевме, додал тој.

Не е познато колку долго била отровната шкорпија во авионот, но се верува дека живеела во внатрешноста на леталото најмалку една недела.

Авиокомпанијата во официјалното соопштение во петокот навела дека авионот бил дератизиран претходно истата недела за да се ослободи од “непосакувани патници”.

Службениците од Друштвото за животна средина веднаш отпочнале истрага, а патниците биле евакуирани.