понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

Партијата на Орбан убедливо победи, Ципрас поразен од Мицотакис

Партијата на Орбан убедливо победи, Ципрас поразен од Мицотакис

Владејачката унгарска партија Фидеш и премиерот Виктор Орбан го освоија целиот плен на европските избори. Излезните анкети предидуваат дека тој освоил 56 проценти од гласовите.

Орбан од народните партии доби плус пет проценти споредено со претходните избори и тој сега е на пат комплетно да излезе од ЕПП и да формира тврд десничарски блок со Италијанецот Матео Салвини и Французинката Марин ле Пен.

Во Грција нема изненадување – опозициската Нова демократија е во водство од 6-8 проценти пред владејачката Сириза.

За изнеадување е неофашистичката Златна зора, која сепак остана трета партија по силина, а во ЕП свои пратеници ќе имаат и комунистите од ККЕ.

Во Германија најмногу загубија ЦДУ/ЦСУ и СПД, а профитираа Зелените за цели десет проценти. ЦДУ е се уште насилна партија, таа ќе има 26 седишта во ЕП, ЦСУ, сестринската партија од Баварија – 6, СПД – 15, АФД, ултрадесничарска партија – 11 седишта, либералите ФДП – 5 како и левицата Линке – 5.

Извор: ПРЕСИНГ