четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 93
home Вести

Парламентарни избори во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува да го добие својот четврти, од кои трет последователен, мандат на премиерската функција.
Парламентарни избори во Унгарија

Во Унгарија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои право на глас имаат околу 8,3 милиони избирачи.

Меѓу нив се и повеќе од 378.000 луѓе кои не живеат во Унгарија, туку воглавно се Унгарци од соседните земји со двојно државјанство.

Унгарците треба да ги изберат 199-те членови во унгарскиот Парламент. Од вкупниот број пратеници, 106 ќе бидат избрани според мнозинскиот модел, а 93 според пропорционалниот.

За избрани пратеници според мнзоинскиот систем ќе се сметаат кандидатите кои ќе освојат најмногу гласови во нивната изборна единици, при што се очекува огромно мнозинство од 106-те пратенички места да ги освои коалицијата на премиерот Орбан.

Според пропоционалниот систем пратениците се избираат од партиски листи според Донтовиот модел, при што изборниот цензус за партиите изнесува пет отсто, за двопартиските коалиции – 10 проценти, а за коалициските блокови составени од три или повеќе партии 15 отсто.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува да го добие својот четврти, од кои трет последователен, мандат на премиерската функција.

Според последните анкети на јавното мислење, спроведени во пресрет на парламентарните избори, се очекува коалицијата на конзервативната полулистичка партија Фидес – Унгарска граѓанска алијанса на Орбан и на Христијанско демократската народна партија (КДНП) да освои меѓу 49 и 51 отсто од гласовите.

Ултранационалистичкото Движење за подобра Унгарија (Јобик) има меѓу 13 и 19 проценти поддршка, додека опозициската коалиција на Унгарската социјалистичка партија (МСЗП) на Гергеј Карочоњ и на еколошката Дијалог за Унгарија (ПМ) ужива меѓу 12 и 18 отсто доверба на гласачите.

Либералната еколошка партија Политиката може да биде поинаква (ЛМП) може да се надева на седум до осум отсто од гласовите, а за социјално-либералната Демократска коалиција на Ференц Ѓурчањ би гласале меѓу пет и седум проценти од Унгарците со право на глас.

Сите останати партии и коалиции учесничи на изборите уживаат поддршка на под три отсто од гласачите.

Доколку се остварат ваквите прогнози, коалицијата на Орбан ќе освои двотретинско мнозинство во Парламнетот, како и на изборите во 2010 година, што ќе му овозможи да врши промена на Уставот.

Опозицијата тврди дека токму таквото мнозинство му озвозможи на Орбан да усвои изборен систем во 2013 година, со кој обезбеди убедлива победа на Фидес на изборите следната година.

Противниците на Орбан обвинуваат дека со помош на државните медиуми, како и на приватните телевизии и весници блиски до него, тој создава „сигурна основа за продолжување на своите осум години на власт“.

Во прилог на големата поддршка на Орбан покрај „медиумската пропаганда“, одат и солидните економси показатели, имајќи предвид дека Унгарија осма година по ред бележи економски раст, кој за оваа година се очекува да изнесува 0,4 отсто.

Сепак како главен столб на популарноста на Орбан се посочуваат неговата антимигрантска политика, остриот став кон плановите на ЕУ за распределба на бегалците според квоти меѓу земјите членки и пред се противењето на приемот на муслимански мигранти во Унгарија.

Во текот на мигрантскиот прилив преку „балканската рута“ во летото 2015 година, Орбан беше првиот европски лидер кој ги затвори границите за мигрантите и нареди изградба на ограда од бодликава жица долж граничната линија на Унгарија.

Тој беше и еден од најжестоките критичари на политката на германската канцеларка Ангела Меркел за „отворени врати“ за бегалците.

Ваквата реторика и мерки на Орбан наидоа на критики од Брисел, кој дури се закануваше и со санакции кон Унгарија, но од друга страна, таквата политика наиде на голема поддршка во унгарската јавност и придонесе за зацврстување на неговата популарност.

Коронавирус