сабота, 17. април 2021. Вести денес: 4
home Вести

Парламентарни избори во Грузија ќе се одржат на 31 октомври

Парламентарни избори во Грузија ќе се одржат на 31 октомври

Грузискиот претседател Саломе Зурабишвили издаде указ за одржување парламентарни избори во земјата на 31 октомври.

“Парламентарните избори во нашата земја ќе се одржат на 31 октомври, како што е предвидено со нашиот Устав. Сакам да се обратам кон нашето општество и да повикам овие два месеци пред изборите да бидат мирни”, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Заедно со назначувањето на датум на изборите, од денеска во Грузија официјално започна предизборната кампања.

Согласно Уставот, следните парламентарни избори ќе се одржат последната сабота во октомври, во годината на изминување на мандатот на претходниот парламент.

Грузискиот парламент со 150 члена ќе биде избран во 2020 година под мешан систем: 30 според мнозинскиот систем и 120 според пропорционалниот систем. Во мнозинска изборна единица, ќе победи кандидатот со повеќе од 50 отсто од гласовите. Ако ниту еден од кандидатите не може да го стори тоа, се оди во втор круг. Цензусот за влез на партиите во парламентот ќе биде 1 отсто, а за блоковите – колку што е бројот на субјекти што влегуваат во коалиција.

Коронавирус