недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Париз воведе обврска за носење маски и на отворено

Париз воведе обврска за носење маски и на отворено

Во Париз од денеска стапи на сила одлуката за задолжително носење маски на бреговите на реките и каналите, како и на некои феквентни улици.

Париз е уште еден во низата француски градови што воведоа задолжително носење маски на отворено во некои области.

Маските се задолжителни низ целата земја во повеќето затворени места достапни за јавност.

Франција повторно се соочува со зголемување на бројот на заразени. Во петокот навечер, за 24 часа биле пријавени 2.228 нови случаи. Сепак, бројот на сериозно болни пациенти на интензивна нега остана стабилен на 383.

Во екот на епидемијата на почетокот на април, повеќе од 7.000 луѓе биле на интензивна нега во земјата.

Во Франција досега од Ковид-19 починале 30.324 лица.

Одлуката да се воведе задолжително носење маски на отворено ги подели експертите. Некои велат дека тоа ќе помогне да се спречи повторното засилување на инфекцијата, додека други укажуваат на докази дека повеќето инфекции се случуваат во затворено.

Коронавирус