понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 173
home Вести

Париз: Трамп не најави повлекување од иранскиот нуклеарен договор

Париз: Трамп не најави повлекување од иранскиот нуклеарен договор

Елисејската палата вечерва ги негираше тврдењата на весникот „Њујорк Тајмс“ дека американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон му соопштил дека ќе ги повлече САД од Договорот за иранската нуклеарна програма.

Според Елисјеската палата, Трамп во разговорот не му соопштил на Макрон никаква информација за неговото решение околу иранскиот нуклеарен договор, што треба да го објави вечерва.

Кабинетот на Макрон претходно соопшти дека тој и Трамп разговарале за „прашања поврзани со мирот и стабилноста на Блискиот Исток“.

Електронското издание на „Њујорк Тајмс“ денеска обајви дека Трамп во телефонскиот разговор го информирал Макрон дека вечерва ќе соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма.

Според извор на весникот, САД се подготвени да ги возобноват санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно Договорот, како и да воведат дополнителни економски ограничувања кон Техеран.

Трамп за вечерва најави обраќање во кое ќе ја соопшти својата одлука околу еветуелното повлекување на САД од иранскиот нуклеарен договор.

МИА

Локални избори 2021