четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Париз му порача на Техеран побрзо да се врати кон почитување на нуклеарниот договор

Париз му порача на Техеран побрзо да се врати кон почитување на нуклеарниот договор

Француското Министерство за надворешни работи на иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Арагчи му пренело дека Техеран мора да се врати кон почитување на нуклеарниот договор и да ги преземе неопходните чекори за ублажување на тензиите во регионот на Заливот.

Заменик шефот на иранската дипломатија вчера во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесоа британските медиуми.

„Цел на средбата беше пратеникот на иранскиот претседател да се потсети дека ние очекуваме Иран брзо да се врати кон своите обврски преземени врз основа на спогодбата од Виена и да ги преземе неопходните чекори за смирување на тензиите“, соопшти француското МНР.

Арагчи беше главниот ирански преговарач  во нуклеарниот договор од 2015 година, според кој Иран се согласи да ја огранички својата атомска програма во замена за ублажување на економските санкции, потсетија британските медиуми.

Коронавирус