сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 101
home Вести

Парична награда од 1 милион евра за информација околу убиството на новинарот и неговата девојка

Парична награда од 1 милион евра за информација околу убиството на новинарот и неговата девојка

Словачките власти нудат парична награда од еден милион евра за информација која ќе помогне во истрагата за убиството на истражувачкиот новинар во Словачка – објави „Ројтерс“. Европската Унија го осуди нападот и побара темелна истрага.

Истражувачкиот новинар од Словачка, Јан Кучијак и неговата девојка беа убиени во неделата, соопшти полицијата вчера, поврзувајќи го убиството со неговите новинарски текстови.

Безживотните тела на 27-годишниот Кучијак и неговата девојка полицијата ги пронашла во нивниот дом во Велка Маца, источно од Братислава.

Шефот на словачката полиција, Тибор Гаспар, изјавил дека „убиството веројатно е поврзано со неговите истражувачки активности“.

По неговото убиство, премиерот на државата, Роберт Фико, изјавил дека доколку се докаже дека станува збор за убиство, тоа претставува сериозен напад врз слободата на медиумите и демократијата во Словачка.

Словачкиот претседател Андреј Киска побара брза истрага за убиството на истражувачкиот новинар, соопшти Ројтерс.

Коронавирус