среда, 2. декември 2020. Вести денес: 156
home Вести

Папата ја именува првата жена на висока дипломатска должност во Ватикан

Папата ја именува првата жена на висока дипломатска должност во Ватикан

Папата Франциск ја именуваше првата жена на висока должност во Државниот секретаријат , дипломатско и административно седиште во Ватикан во кое доминираат мажите.

Италијанската лаикиња Франческа Ди Џовани ќе ја преземе новооснованата позиција во Канцеларијата за Односи со државата каде ќе биде потсекретар, односно една од двајцата заменици на министерот за надворешни работи. Римокатоличката Црква им дозволува само на мажите да ракоположуваат свештеници, а жените традиционално се на маргините на администрацијата.

Но женските здруженија, вклучувајќи ја и главната организација на римокатоличките калуѓерки, веќе долго време го повикуваат папата да именува повеќе жени на високи должности, повикувајќи се на податоците дека повеќе од половина од 1,3 милијарди католици се жени и дека има три пати повеќе жени верници отколку мажи.

Ди Џовани ќе биде задолжена за мултилатерални односи во Државниот секретаријат во кој е вработена од 1993 година. Таа е експерт за меѓународно право и човекови права.

Папата минатата година ги именува првите четири жени советнички на Епископскиот синод, институција основана пред 50 години за припрема на важни бискупски состаноци кои се одржуваат на неколку години и на кои се дискутира за различни теми.

Коронавирус