сабота, 28. март 2020. Вести денес: 109
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Папата Франциск во посета на Тајланд

Папата Франциск во посета на Тајланд

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск синоќа од Рим полета за Тајланд, земја со претежно будистичко население. Тоа е негово 32. патување во странство при што ќе ја посети и Јапонија.

Предвидено е папата Франциско денеска во 12 часот по локално време треба да слета во Бангкок.

Во главниот град на Тајланд, папата ќе биде придружуван од неговата роднина Ана Роза Сивори, мисионерка на Тајланд повеќе од 50 години. Таа ќе биде преведувачка на папата Франциско.

На Тајланд официјално 0,59 проценти од населението се католици или околу 400.000 луѓе.

Папата в сабота ќе ја посети Јапонија, а в недела ќе ги посети Нагасаки и Хирошима, каде ќе им оддаде почит на жртвите од американскиот нуклеарен напад од пред 74 години.

Тајланд и Јапонија беа посетени и од папата Јован Павле Втори во 1981 и во 1984 година.