петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Папата Франциск се тестираше за коронавирус, ова се резултатите

Папата Франциск се тестираше за коронавирус, ова се резултатите

Папата Франциск, кој денеска како и секој ден водеше утринска миса во својата резиденција, е негативен на коронавирусот, пишуваат двата италијански весника „Месаџеро“ и „Фато Котидиано“.

Тие објавија дека поглаварот на Римокатоличката црква е тестиран вчера, откако истиот ден беше откриено дека е заразен еден свештеник кој долги години живее во резиденцијата на папата во Ватикан.

Тестирањето е извршено за сите лица кои работат во Куќата на Света Марта, особено за секретарите на папата. Сите резултати биле негативни, пишуваат весниците, повикувајќи се на внатрешни извори во Ватикан.

Светата столица не ја потврди службено оваа информација, како што не го коментираше ниту првото тестирање на папата Франциск на почетокот на март, кога тој имаше настинка.

Коронавирус