среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 26
home Вести

Папата Франциск повика на дијалог и воздржаност

Папата Франциск повика на дијалог и воздржаност

Папата Франциск денеска повика на дијалог и воздржаност, два дена по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак.

На денешната молитва во Ватикан, Папата зборуваше за „страшната напнатост што може да се почувствува во многу делови на светот“.

– Ги повикувам сите страни да го задржат пламенот на дијалог и самовоздржување и да ја отфрлат сенката на непријателство, рече Папата.

Тој порача дека војната носи само смрт и уништување.

Иранскиот воен командант Сулејмани беше убиен во петокот во американски напад, по што дојде до зголемување на тензиите во регионот.