петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Вести

Папата Франциск: Ја губите слободата кога станувате роб на вашиот мобилен

Папата Франциск: Ја губите слободата кога станувате роб на вашиот мобилен

Ослободете се од зависноста од мобилните телефони, нагласи папата Франциск во говор пред група италијански тинејџери во средното училиште Висконти во центарот на Рим.

Папата рекол дека се согласува оти мобилните, како технолошки напредок, се одлична помош во секојдневието, и дека треба да се користат во позитивни цели и умерено.

– Оти, кога еднаш ќе станете слуга на својот мобилен телефон, ја губите слободата, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

Натаму, тој ги повика младите „да не се плашат од тишината и самотијата“.

– Не секогаш секако, оти тоа не е многу добро за луѓето, но повремено човек треба да најде време само за себе, нагласи папата.