петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 61
home Вести

Папата Франциск денеска се сретна со унгаркиот премиер Орбан

Папата Франциск денеска се сретна со унгаркиот премиер Орбан

– Папата Франциск денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан во рамки на неговата кратка посета на Унгарија.
Како што пренесуваат странските агенции, тој директно од аеродромот отиде на средба со премиерот Орбан и претседателот Јанош Адер.

Како што е наведено, за разлика од речиси секое друго негово патување, немаше телевизиски пренос во живо, ниту можности за фотографирање од страна на медиумите, што обично претходи и ги придружуваат таквите состаноци.

Ватикан соопшти дека средбата, на која покрај папата Франциск и Орбан, присуствувале и кардиналот Петер Ердо и унгарските владици, траела околу 40 минути.

Унгарскиот премиер на својот Фејсбук профил објави фотографија на која се ракува со Папата кој стои пред знамето на Унгарија и Ватикан, со коментар: „Го замолив папата Франциск да не дозволи христијанска Унгарија да исчезне“.

Орбан честопати се опишува како бранител на христијанството, но неговиот став кон повеќе политики – вклучително и оние што повикуваат мигрантите да се држат надвор од Унгарија – честопати го става во судир со Папата.

Папата Франциск, во обраќањето до христијанските и еврејските лидери за време на кратката посета на Унгарија, предупреди на „заканата од антисемитизам“ во Европа и пошироко.

– Мислам на заканата од антисемитизам што се уште демне во Европа и на други места. Тоа е фитил што не смее да се остави да се запали. И најдобриот начин да се неутрализира е да работиме заедно, позитивно и да промовираме единство, рече тој.

Папата Франциск рано изутринава пристигна во Будимпешта за завршната миса на Меѓународниот евхаристиски конгрес.

Првично беше планиран за минатата година, но настанот беше одложен поради пандемијата на коронавирус. Оваа година, поради очекуваниот висок интерес, властите ги олеснија рестриктивните мерки, така што од луѓето што сакаа да присуствуваат не се бара да покажат доказ за негативен тест за коронавирус или вакцинација.

Папата Франциск, по престојот во Унгарија, ќе отпатува во посета на Словачка.Ова е прво патување на Папата по операцијата на која беше подложен во јули, а на прашањето за неговото здравје тој рече дека се чувствува добро. (МИА)

Локални избори 2021