понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 180
home Вести

Паника во Сирија по лажна тревога за нови напади

Според него, станувало збор за „заеднички електронски напад“ на САД и Израел врз сириските радарски системи.
Паника во Сирија по лажна тревога за нови напади

Сириската протвоивоздушна одбрана дејствувала во текот на минатата ноќ врз основа на лажна тревога за нови воздушни напади врз Сирија, јавија денеска сириските медиуми.

Неименуван извор во сириската армија соопшти дека противвоздушната одбрана лансирала ракети кон претпоставени цели, но дека потоа било утврдено оти нема никаков воздушен напад.

Според него, станувало збор за „заеднички електронски напад“ на САД и Израел врз сириските радарски системи.

Претходно, сириските медиуми јавија дека противвоздушната одбрана во текот на ноќта урнала странски ракети насочени кон воена база во реонот на Хомс.

На ваквите тврдења реагираше американската армија која соопшти дека во текот на минатата ноќ немала никакви активности во посочениот регион, додека претставник на израелските Вооружени сили изјави дека Израел „не одговара на прашања за напади“.

Коронавирус