вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пандемијата негативно влијае и врз глобалната нафтена индустрија

Пандемијата негативно влијае и врз глобалната нафтена индустрија

Пандемијата со Ковид-19 негативно влијае и врз глобалната индустрија на нафта и гас, покажуваат финансиските извештаи на водечките нафтени компании за 2020 година.

Англиско-холандскиот гигант „Ројал Дач Шел“ денеска соопшти дека во 2020 година заработката изнесувала 4,85 милијарди долари, што е пад од 71 отсто во однос на профитот од 16,5 милијарди во 2019 година.

Претходно, „Бритиш петролеум“ соопшти за загуба од 5,7 милијарди долари во 2020 година, што е прва загуба во изминатата деценија, а „Ексон“ пријави загуба од 22,4 милијарди долари.

Акциите на „Шел“ денеска забележаа занемарлива негативна корекција, а во текот на 2020 година го достигнаа најниското ниво. На 28 октомври минатата година една акција на „Шел“ вредеше 878,1 пени, оттогаш имаше зголемување на вредноста на акциите, но и понатаму се 40 проценти под вредносташто ја имаа кон крајот на 2019 година.

Нафтените компании бележат пад на приходите поради долготрајниот пад на побарувачката на енергенси за време на карантините воведен ширум светот поради пандемијата со Ковид-19.

ЕУРО 2020

Македонија