петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пандемијата може да биде ставена под контрола ако правилно се распоредат ресурсите

Пандемијата може да биде ставена под контрола ако правилно се распоредат ресурсите

Светот може да ја стави под контрола глобалната пандемија на Ковид-19 во следните месеци ако правилно ги распореди ресурсите, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг со новинарите.

„Имаме средства да ја ставиме оваа пандемија под контрола за неколку месеци, доколку ги примениме доследно и правично“, рече Тедрос.

Сепак, тој изрази загриженост за „алармантната стапка“ со која Ковид-19 се шири меѓу оние на возраст од 25 до 59 години низ целиот свет, веројатно поради појавата на многу позаразни варијанти.

„Беа потребни девет месеци да се достигне бројката од милион починати, четири месеци да се достигнат два милиона и три месеци да се достигнат три милиони“, рече Тедрос.

Активистката за климатски промени, Грета Тунберг, приклучувајќи се на брифингот како виртуелен гостин од Шведска, се спротивстави на „вакциналниот национализам“ и рече дека е неморално богатите земји да им даваат приоритет за вакцинирање на своите помлади граѓани, пред ранливите групи во земјите во развој.

Коронавирус