сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Пакистанскиот премиер отпатува во Иран во обид да ги смири тензиите во регионот

Пакистанскиот премиер отпатува во Иран во обид да ги смири тензиите во регионот

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, денеска отпатува во Иран за да се обиде да ги намали тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Министерството за надворешни работи на Пакистан соопшти дека посетата на Кан на Техеран ќе се фокусира на „мирот и безбедноста во регионот“.

Кан ќе се сретне со врховниот лидер во Иран, ајатолахот Али Хамнеи и со претседателот Хасан Рохани.

По Техеран, Кан ќе отпатува за Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Пакистан е близок сојузник на Саудиска Арабија, но се обидува дипломатски да балансира меѓу Техеран и Ријад.