понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Пакистански министер преживеа обид за убиство

Пакистански министер преживеа обид за убиство

Пакистанскиот министер за внатрешни работи го преживеа денешниот нападот врз него, извршен за време на предизборен митинг во источниот град Наровал, јави ДПА.

– Министерот за внатрешни работи Ахсан Икбал, беше застрелан и повреден за време на предизборен митинг, изјави шефот на полицијата Имран Кишвар.

Првичните извештаи укажуваат на тоа дека имало само еден напаѓач.

– Татко ми доби повреди од куршум и, фала му на Бога, тој е надвор од опасност, изјави синот на министерот, Ахсан Икбал

Тој рече дека неговиот татко е во болница во Нароал и ќе биде префрлен во Лахоре, главниот град на провинцијата Пенџаб, заради понатамошен медицински третман.

Премиерот Шахид Хакан Абаси го осуди нападот и побара итен извештај за инцидентот од шефот на провинциската полиција, се наведува во соопштението од неговата канцеларија..

„Еден од стрелците е уапсен и е испрашуван од страна на полицијата“, напиша на Твитер канцеларијата на Владата на Пенџаб.

МИА