сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 46
home Вести

Пакистанка осудена на смрт поради „богохулен“ статус на WhatsApp

Пакистанка осудена на смрт поради „богохулен“ статус на WhatsApp

Пакистански суд осуди муслиманка на смрт, прогласувајќи ја за виновна поради објавување на „богохулен“ статус – карикатури на пророкот Мухамед – на WhatsApp и испраќање на истата порака до пријател.

Анека Атик (26) беше уапсена во мај 2020 година, откако пријател ја обвини дека испратила „богохулни“ карикатури на пророкот и „непристојни“ забелешки за „свети личности“. На овој начин, таа „свесно и намерно ги сквернавела светите праведни лица и ги навредувала верските убедувања на муслиманите“, се вели во обвинението.

Судот нареди жената да биде „обесена“ и да плати казна од 200.000 пакистански рупии (1.137 долари).

Коронавирус