сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 106
home Вести

Пакистан трет ден блокиран од протести

Пакистан трет ден блокиран од протести

Јавниот живот во Пакистан и денеска беше блокиран поради тоа што веќе трет ден траат протестите на исламистичките групи против одлуката на Врховниот суд да ослободи христијанка, осудена на смрт поради богохулење.

Училиштата, канцелариите и продавницата останаа затворени, а демонстрантите ги блокираа магистралните патишта и железничките линии во поголемите градови.

Не успеаја ниту напорите на Владата да преговара за смирување на ситуацијата со лидерите на екстристичката исламистичка партија Техрик-и-лабаик, која ги организира протестите.

Три од четирите главни магистрални патишта во главниот град Исамабад се под контрола на партијата, чии активисти не им дозволуваат на автомобилите да поминат. Регистрирани се и палења на автомобили и ограбувањa на продавници.

Протестите почнаа по одлуката на судот да ја ослободи Асја Биби, која од 2010 година чека смртна казна. Нема официјални информации за тоа каде се наоѓа таа, но локалните медиуми претпоставуваат дека можеби го напуштила Пакистан поради безбедносни причини.

Лидерот на Техрик-и-лабаик Хадим Ризви потврди дека разговорите со Владата не успеале, и се закани дека протестите ќе продолжат.

– Нема да запреме се протестите, освен ако судиите кои ја укинаа смртната казна не бидат отпуштени, а Биби обесена, изјави Ризви во источниот град Лахоре.

МИА

Коронавирус