понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

„Паис“: Пуџдемон ослободен по синоќешното апсење на Сардинија

„Паис“: Пуџдемон ослободен по синоќешното апсење на Сардинија

Италијански судија денеска го ослободи поранешниот каталонски регионален лидер Карлес Пуџдемон, откако беше уапсен претходната ноќ на Сардинија, објави шпанскиот весник „Паис“.

Сепак, судијата му наложи да остане на островот додека не се решат неговите правни прашања.

Адвокатот на Пуџдемон во Италија, Агостинаџело Марас, изјави дека судот допрва треба да ја донесе таа одлука.

Пуџдемон, кој живее во азил во Брисел, беше уапсен синоќа по наредба на Високиот суд на Шпанија, откако со авион пристигна во Сардинија, каде требаше да учествува на собир за меѓународна промоција на каталонската култура.

Локални избори 2021