четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Вести

Паднал во река барајќи си го мобилниот: Пронајдено телото на исчезнатиот Британец

Паднал во река барајќи си го мобилниот: Пронајдено телото на исчезнатиот Британец

23-годишниот Британец, кој исчезнал пред пет дена во Кортница, пронајден е денеска мртов во реката, соопштила полицијата.

Неговите останки ги идентификувале неговите родители, откако бил извлечен од реката.

Телото го пронашле 300 метри од тврдината Клужа, која се наоѓа над реката.

Британецот во четвртокот ја разгледувал тврдината кога му паднал телефонот, а кога сфатил дека не може да го дофати, со автомобил возел половина километар заедно со пријателот, каде е најлесно да се пријде до реката.

После половина час, пријателот кој останал во автомобилот повикал полиција затоа што момчето исчезнало и била веднаш покрената истрага.

Во потрагата учествувале сепцијалната единица на Словенија, нуркачи, пожарникари и Горската служба за спасување.