понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

Паднаа поради пет тони кокаин: Погледнете ја спектакуларната полициска акција во која се уапсени тројца Хрвати (ВИДЕО)

Паднаа поради пет тони кокаин: Погледнете ја спектакуларната полициска акција во која се уапсени тројца Хрвати (ВИДЕО)

Тројца хрватски државјани се уапсени на крајот на јуни во близина на Азорските и Канарските острови, на две едрилици кои од Јужна Америка во Европа превезувале кокаин, пренесоа денеска медиумите и додаваат дека за тоа хрватските институции официјално се немаат огласено.

Порталот „Јутарњи лист“ пренесе дека во големата меѓународна акција „Канелас“ шпанската и португалската полиција за 10 дена пресретнале три едрилици недалеку од Канрските и Азорските острови и заплениле вкупни пет тони кокаин кој бил пратен од Јужна Америка.

Како што јавува агенцијата Хина, хрватското Министерство за внатрешни работи наведува дека станува збор за акции во кои хрватската полиција не била вклучена, а ја воделе британските, шпанските и португалските сили за сузбивање трговија со дрога.

Коронавирус