среда, 24. април 2019. Вести денес: 42
home Вести

Падна снег и на Хаваи

Падна снег и на Хаваи

Снежна бура зафати голем дел од САД, а снег паѓаше и на Хаваите – група острови во Тихиот Океан.

Снежната бура која ги погоди Хаваи предизвика хаос, при што се кршеа гранки од дрвја, улици се поплавени и голем број домаќинства останаа без струја.

Снегот не е невообичаен во планинските делови на островскиот архипелаг, но властите наведуваат дека снежна покривка на висина од 1.900 метри, во државниот парк на Мауи, веројатно е најниската точка на која е виден снег на Хаваи.