петок, 7. август 2020. Вести денес: 109
home Вести

Падна цената на нафтата како резултат на зголемениот број заразени од коронавирус

Падна цената на нафтата како резултат на зголемениот број заразени од коронавирус

Цената на нафтата на светските пазари денеска падна како резултат на рекордниот дневен пораст на заразени со коронавирус ширум светот, со голем скок во САД во текот на викендот.

Трговците за натамошни насоки го очекуваат состанокот на ОПЕК, што треба да се одржи оваа недела.

Цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар утрово падна за 53 центи, на 42,71 американски долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 64 центи пониска цена, за 39,91 американски долари.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека во светот во последните 24 часа се регистрирани 230.370 случаи на заразени со коронавирус, што е рекорден дневен пораст од почетокот на пандемијата. (MИА)

Коронавирус