четврток, 22. април 2021. Вести денес: 59
Во живо

Протест на угостителите и туристичките агенции

home Вести

Падна албанската банда „Робин Худ“: Краделе многу пати, а ќе се шокирате кога ќе дознаете што правеле со парите

Како што пренесуваат италијанските медиуми, во големата полициска операција биле уапсени седум албански криминалци кои што на подрачјето на градовите Кунео и Салуцо извеле дури 49 кражби.
Падна албанската банда „Робин Худ“: Краделе многу пати, а ќе се шокирате кога ќе дознаете што правеле со парите

Акцијата на италијанските „Карабинери“ е изведена неколку месеци подоцна откако во септември беше уапсен првиот дел од албанската банда.

Во акцијата на италијанските безбедносни служби наречена „Робин“ во градовите Кунео и Салуцо, денес беа уапсени седум членови на позната албанска банда.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, во големата полициска операција биле уапсени седум албански криминалци кои што на подрачјето на градовите Кунео и Салуцо извеле дури 49 кражби.

Како што пренесува агенцијата „Анса“, акцијата била изведена неколку месеци подоцна откако во септември бил уапсен првиот дел од бандата.

Еден од членовите на бандата пред да биде уапсен на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напишал порака „Крадам од богатите за да им дадам на сиромашните“, а набрзо потоа бил фатен од италијанската полиција во автобус во кој што ја имал украдената стока и планирал да побегне во Албанија.

Поради тоа, во италијанските медиуми албанската банда беше наречена „Робин Худ“ банда, а според информациите, новите уапсени членови на бандата биле на возраст од 30 до 38 години.

Коронавирус