четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Пад на невработеноста во еврозоната

Пад на невработеноста во еврозоната

Невработеноста во еврозоната забележа мал пад во октомври, откако стапката на невработеност во сезонски прилагодени услови се намали до 8,4 отсто, во споредба со септември кога изнесувала 8,5 проценти, соопшти денеска статистичката агенција на ЕУ (Евростат).

Меѓутоа, на 12-месечна основа, стапката на невработеност е значително поголема од 7,4 проценти, регистрирани во октомври минатата година, бидејќи последиците од коронавирусот имаат влијание врз економијата, се наведува во соопштението на Евростат.

Поради пандемијата, која предизвика катастрофален удар врз глобалните активности, во последните месеци имаше бран на отпуштања, и покрај големиот спасувачки пакет, објавен од Брисел со цел да се поддржат бизнисите.

Коронавирус