вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Вести

Пад на европскиот пазар на автомобили во јануари, особено за француските производители

Пад на европскиот пазар на автомобили во јануари, особено за француските производители

Европскиот пазар на автомобили забележа пад за 7,5 отсто во јануари, најмногу поради регулаторните измени, притоа силен пад претрпеа француските производители, јави дописникот на МИА.

Групата Рено (со Алпин, Дачија, Лада) забележа намалена испорака за 16,3 проценти, исто како и неговиот француски ривал ПСА (Пежо, Цитроен, ДС, Опел, Воксал) пад за 12,9 отсто, ова според бројките од Здружението на европски производители на автомобили. Вкупно на патиштата на Европската унија беа ставени скоро 957.000 нови патнички автомобили, но притоа четирите главни пазари беа во црвено: Франција (- 13,4 проценти), Шпанија (- 7,6 отсто), Германија (- 7,3 проценти) и Италија (- 5,9 отсто).

Здружението на европски производители на автомобили за прв пат ја објави статистиката за ЕУ без Велика Британија, за да овозможи споредба со 2019 година. Падот во јануари без сомнение е последица на месец декември, кој бил вештачки надуен од исчекувањето на регулаторните промени што се случија со промената на годината. Од една страна, ЕУ сега ги принудува производителите да го почитуваат просечниот плафон на емисиите на CO2 од 95 грама на километар за нивните автомобили, под ризик од тешки казни. Од друга страна, неколку држави го зголемија данокот на автомобили на 1 јануари, како Франција која спроведе нагло зголемување на давачките за најзагадувачките возила.

-Големите даночни промени, објавени за 2020 година од страна на некои земји-членки на ЕУ, предизвикаа рана регистрација во декември 2019 година, што го објаснува падот во јануари. Но играа и други фактори, како што се влошувањето на економскиот контекст и неизвесноста предизвикана од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, се вели од здружението на производители.

Но, не сите брендови се ставени под истиот тренд. Германската групација Фолксваген особено добро се одржа, консолидирајќи го своето прво место во Европа. Регистрациите на Фолксваген паднаа само за 0,4 проценти, дозволувајќи му да го зголеми својот пазарен удел за 1,9 поени. Само етикетата „Фолксваген“ опадна за 6,6 отсто, но испораките на „Шкода“ се одржуваа добро (- 1,4 проценти ), додека „Ауди“ (+ 6,4 отсто), Сеат (+10,4 проценти) и „Порше“ (+ 76,4 отсто) успеа да го крене гигантот со дванаесет марки на автомобили.

Коронавирус