петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 120
home Вести

Пад на цената на нафтата

Пад на цената на нафтата

Цените на нафтата денеска забележаа пад, бидејќи инвеститорите вложуваат во сигурен имот поради растот на новозаболени со Ковид-19 во светот и поради тензиите помеѓу САД и Кина.

Цената на северноамериканската нафта брент се намали за 20 центи или за 0,5 проценти и се тргуваше за 43,14 долари за барел, додека американската ВТИ (WTI) нафта забележа пад од 14 цени или 0,4 отсто и барел се продаваше за 41,15 долари.

Исто така е намалено и производството на нафта во САД, како и побарувачката бидејќи некои делови на

САД ги продолжија рестриктивните мерки, а во други делови од светот ограничена е потрошувачката на нафта.

Инвеститорите се обидуваат и да ги согледаат евентуалните последици од ураганот Хана, кој за време на викендот го погоди брегот на Тексас. Производителите и преработувачите на нафта соопштија дека не очекуваат последици од ураганот.

Коронавирус