понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 32
home Вести

Пад на бројот на новозаболени во Бразил, еве каква е состојбата во другите земји

Пад на бројот на новозаболени во Бразил, еве каква е состојбата во другите земји

Во Бразил во последните 24 часа потврдени се нови 8.429 случаи на коронавирус, а починале 201 лице, соопшти Министерството за здравство.

Со ова бројот на заразени достигна 5.103.408, a починале вкупно 150.689 лица. Според податоците на Министерството досега заздравиле 85 проценти од пациентите.

Во Бразил во првите десет дена од овој месец регистрирани се 175.804 случаи на Ковид-19, што е за речиси 13.000 помалку во однос на претходните седум дена.

Мексико

Во Мексико во последните 24 часа потврдени се нови 3.542 случаи на коронавирус, а починаа уште 164 лица, соопштија властите. Во оваа земја досега заразени се 821.045 лица од кои животот го загубиле 83.945 пациенти.

Кина

Првите локално пренесени случаи на коронавирус по речиси два месеци се пријавени денес во Кина. Националната здравствена комисија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени вкупно 13 случаи од кои 7 од странство, додека шест од локална трансмисија.

Јужна Кореја

Бројот на новозаразени од коронавирус во Јужна Кореја повторно надмина 100, по пет дена откако беше забележан двоцифрен дневен биланс.

Во последните 24 часа регистрирани 102 нови случаи од кои 69 со локална трансмисија. Бројот на смртни случаи е 434.

Аргентина

Бројот на заболени од коронавирус во Аргентина надмина 900.000 лица, а во последните 24 часа пријавени се нови 9.524 случаи.

Коронавирус