четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 208
home Вести

Пациент позитивен на коронавирус избегал од болница: Полицијата трага по него!

Пациент позитивен на коронавирус избегал од болница: Полицијата трага по него!

Полицијата во градот Шахти, кој се наоѓа на југот на Русија, трага по пациент позитивен на коронавирусот кој избегал од болницата, соопшти полицијата во Ростовската област.

– Локалниот Центар за борба против коронавирусот пријави во полиција дека еден од пациентите на кои претходно му била дијагностицирана инфекцијата со коронавирус, вчера избегал од медицинска установа – изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека тие се обидуваат да го пронајдат човекот.

До денес во Русија се потврдени вкупно 42.853 случаи со коронавирус, додека од него закрепнале 3.291 пациенти.

Според последните податоци, од вирусот во Русија починале 361 лице.

Локални избори 2021