петок, 5. март 2021. Вести денес: 95
home Вести

Овој странски лидер е првиот кој што разговарал со новиот американски претседател Џо Бајден

Овој странски лидер е првиот кој што разговарал со новиот американски претседател Џо Бајден

Канадскиот премиер Џастин Трудо и американскиот претседател Џо Бајден планираат да се состанат следниот месец, соопшти кабинетот на премиерот по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери за односите меѓу двете земји, во кој се согласија да ги здружат силите во борбата против коронавирусот во Северна Америка.

Белата куќа потврди дека двајцата лидери ја нагласиле „стратешката важност на американско-канадските односи“ во вчерашниот разговор, како и дека дискутирале за поширока соработка, вклучително и за борбата против пандемијата на Ковид-19 и справување со климатските промени.

Потврдено е дека Трудо и Бајден повторно ќе разговараат за еден месец, а канадскиот премиер е првиот странски лидер што разговарал со Бајден од неговата инаугурација во средата.

Коронавирус