сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 65
home Вести

Овој град без вакцина нема да се оди во ресторан, на вежбање или претстава

Овој град без вакцина нема да се оди во ресторан, на вежбање или претстава

Без сертификат за вакцинација во Њујорк, нема да може да се влезе во ресторан, теретана и на настани, тоа го изјави демократскиот градоначалник Бил де Блазио, со што градот стана првиот во САД што воведе ковид-пасоши.

Мерката, наречена Key to NYC Pass „ќе бара вакцинација за вработените и гостите на рестораните во затворени простории, корисниците на сали и посетителите во затворени простории“, рече градоначалникот на прес -конференција, додавајќи дека „барем една доза“ од вакцината ќе биде потребно за слободен влез.

„Ако сте вакцинирани го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Ако не сте, за жал нема да можете да учествувате во многу активности”, рече Де Блазио.

Тој рече дека мерката ќе биде воведена на 16 август, а нејзината имплементација ќе следи од 13 септември.

Коронавирус